Се самоуби еден од тековните натпреварувачи во „Ѕвездите на Гранд“ – Младото 24- годишно момче си пукало со пиштол во глава

0
45

Младиот пејач Момир Луковац (24), учесник во најпопуларното и најгледано регионално музичко талент шоу „Ѕвездите на Гранд“, ненадејно починал под неразјаснети околности. Здружението на естрадни уметници на Црна Гора и учесниците на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ се огласија и се простија од младиот пејач, а наводно се самоубил со пиштол во својот стан каде живеел со девојка му.

Момир Луковац инаку е млад пејач од Бања Лука, кој живеел во Подгорица, а последен пат пееше на сцената на натпреварот „ Ѕвездите на Гранд“ пред два месеци, кон крајот на јануари, кога ги отпеа песните: „Проклета е виолина“ од Саша Матиќ и „Таа да ме сакаше“, од Аца Лукас. Луковац стигна до третото коло во тековната сезона.