Македонија ќе им се оддолжува на српските граѓани со ослободување од патарина?

0
21

Владата размислува да ги ослободи српските граѓани од плаќање патарина кога летоската ќе патуваат низ Македонија. Ова го откри премиерот Зоран Заев во вечерашното интерјву на Канал 5.

Сите би сакале дома да си имаме вакцини. Но, не смееме да ја преминеме границата и да кажеме дека државата не направила нешто. Државата направи се што требаше да направи. Впрочем, секој може да помогне, да дигне телефон. Трганавме со десетици приватни компании да бараме,  вклучени се британските, американските и германските странски служби кои имаат поголеми капацитети. На крај бевме и обвинети дека нешто правиме. Направивме се. Подобро е секоја вакцина да биде употребена. Не можеме да не го потврдиме исклучително пријателскиот чин од Србија. Излезе Србија и донираше од руските вакцини за да нема прекин додека да стигнат новите вакцини. Сега размислуваме како да и се оддолжиме на Србија, бидејќи тие дале пари за тие вакцини. Размислуваме во владата, не знаеме дали тоа ќе биде спроведливо, летоска да ги ослободиме српските граѓани од патарина кога ќе поминуваат низ Македонија. Вучиќ вели донација е, некојпат ќе вратите. Сакаме некако да им се оддолжиме на српските граѓани, затоа го размислуваме ова за патарините, рече За