Македонија: 50 проценти од граѓаните би биле вакцинирани, повеќето преферираат вакцина „Фајзер“ , а 3 % од испитаниците би се вакцинирале со АСТРА ЗЕНЕКА

0
16

Педесет проценти од граѓаните рекле дека ќе бидат вакцинирани. додека 34 проценти од испитаниците изјавиле дека нема да бидат вакцинирани, додека 16 проценти од граѓаните се уште се двоумат, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС) како дел од Програмата за парламентарна поддршка.

Прашањата за вакцините се дел од теренското истражување за перцепцијата на граѓаните за работата на Собранието, што Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ го спроведе во периодот од 17 февруари до 10 март 2021 година, во примерок од 1010 испитаници.

Мнозинството граѓани, според истражувањето, вкупно 39 проценти ја претпочитаат вакцината „Фајзер“, додека втората е вакцината „Спутник В“ со 21 процент.

Потоа следува вакцината „Синофарм“, со кој би се вакцинирале 6 проценти од граѓаните, потоа е „Модерна“, со 5 проценти од граѓаните, додека најмал број граѓани би се вакцинирале со „Астра Зенека“, само 3 проценти .