МВР: Заев и министрите летаа со хеликоптер до Прилеп и назад во Скопје за да се исполнат се часови за летање

0
14

Опозициската ВМРО – ДПМНЕ го нарече скандалозно и срамно тоа што премиерто Заев и министерот Филипче денеска летаа со хеликоптер од Скопје до Прилеп. Според нив едно летање на хеликоптер чини стотици вакцини и други потребни медицински материјали.

Телма побара одговор од МВР за потребата за користење на нивниот хеликоптер во дневната агенда на владините претставници. Од министерството потврдија дека премиерот Заев и министрите Шахпаска и Филипче летале на релација Скопје – Прилеп, а на повратна линија до Скопје летал премиерот со министрите Бочварски и Филипче. Но тоа било во рамки на обврските за задолжително исполнување работни месечни часови за летање согласно стандардите за пилотите. Според МВР целта на летот била да им се овозможи на владините претставници навреме да се вратат од терен во Скопје за да продолжат со кабинетските обврски.