МВР за ТВ21: Одреден притвор за Исмаиловиќ, очекуваме да биде екстрадиран

0
19

Од Министерството за внатрешни работи за ТВ21 велат дека одреден е притвор за Африм Исмаиловиќ и се очекува лицето да биде екстрадирано во С. Македонија.

„Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР доби известување од косовските колеги дека на територија на Косово е приведен Африм Исмаиловиќ, за кој од наша страна е распишана меѓународна потерница и дека му е одреден 48 часовен притвор. Очекуваме Косово да донесе одлука за екстрадиција на лицето“, велат од МВР.