МЗ: Отворени термини за закажување вакцинација на граѓани од 73 и 74 години

0
16

Термините се отворени од синоќа и граѓаните од оваа возрасна група кои досега изразиле желба за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk или преку матичен лекар, истите да се пријават кај својот матичен за да им закаже термин за вакцинација. Вакцинацијата на овие групи граѓани ќе почне од четврток, на пунктовите во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.

Вакцинацијата продолжува согласно Националната стартегија за ковид имунизција со приоритет врз основа на возраст, во оваа фаза ќе бидат опфатени возрасни лица, односно постари – категорија што секако е опфатена со најголем број на хронични болести, со висок ризик за тешка форма на ковид 19 болест, компликации и смртен исход.

Одделение за односи со јавноста

Министерство за здравство