Министерството за здравство со промена на термин: Не во 5, туку во 7 часот ќе стигнат вакцините на Синофарм

0
19

Не во 5 часот наутро, туку два часа подоцна, односно во 7 часот ќе пристигнат вакцините на „Синофарм“ во поликлиниката Јане Сандански, објави министерството за здравство.

Утре во нашата земја доаѓаат 200 илјади дози вакцини на Синофарм, со кои ќе продолжи масовната имунизација. Тоа се првите дози од оваа вакцина, откако во нашата земја претходно дојдоа вакцини на Фајзер, Астра Зенека и Спутник В.

На настанот утре наутро ќе се обратат министерот Венко Филипче, и кинескиот амбасадор н.е. Џанг Ѕуо.