Мицкоски до Пендаровски: Бекнете нешто, зошто ни ја снемува државата

0
20

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ; Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил објави статус во кој му се обраќа на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски. Вели сакајќи да биде сатиричен, Пендаровски излегол смешен.

Еве го бекна, ама не само што бекна туку и потпиша се што му нареди стопанот. Сакаше да биде сатиричен, а испадна смешен.
Претседателе Пендаровски погледајте го моето последно интервју дадено во петокот и ќе слушнете грмење не бекање за националните теми меѓу која и таа измислената што ја споменувате да го исперете криминалот, корупцијата и срамот на стопанот. Грмење за тоа што ја доведовде Македонија во подредена положба заедно со стопанот.
Што се однесува до времињата кога една партија на власт беше и полицаец и обвинител и судија можам да Ви кажам добредојдовте во 2021 година, или да бидам попрецизен денес не партијата на власт туку вашиот стопан е полицаец, обвинител и судија. Следниот пат наместо да плачете на медиуми зошто сме лидери според корупција, криминал во Европа, додека балкански нарко босови шетаат со македонски пасоши и марихуана е главен бизнис во државата, БЕКНЕТЕ нешто, зошто ни ја снемува државата. И да…, одговорност ќе има, порано или подоцна, јас Ви ветувам!
ПС: добро е што барем законите за помошта на граѓаните и стопанството ги потпиша, а не само тие од 32 седница!