Мицкоски: Им го поправив прозорецот на Инфективна за да не им биде ладно на оние кои лежеа таму

0
17

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Клик Плус“ зборуваше за тоа како тој се справил со вирусот кој инаку 12 дена беше сместен на Инфективната клиника во Скопје.

–Го поправив инаку прозорот во просторијата каде што лежев бидејќи првите неколку дена кога бев таму вечерта беше премногу ладно, а прозорот не се затвараше. Така да го поправив и мислам дека во таа соба 302 тие што потоа беа присутни можеа навечер да им биде пристојно топло, да не им биде ладно, рече Мицкоски во своето гостување.

Мицкоски во своето гостување истакна дека како политичар и како човек ќе работи да тие луѓе на Инфективна клиника да можат се чувствуваат подостоинствено и да имаат подобри услови од сега.

– На никого не му посакувам да помине 12 денови такви какви што јас поминав таму, а како човек и како политичар ќе работам до максимум да можам да тие луѓе да им направам барем малку да се чувствуваат подостоинствено и да имаат малку подобри услови од тоа што во моментов го имаат, додаде тој.