Мицкоски: Талат ако се дере и мисли дека некој му се плаши, згрешил- никој не му се плаши, а освен привилегии за возење со службени коли има и обврски да работи за граѓаните

0
23

Талат е одговорен да спроведе хармонија во Собранието, и Собарнието да биде функционално. Ако не знае нека си даде оставка и нека замине, има кој знае, нагласи Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Мицкоски додаде дека однесувањето на Талат Џафери не му прилечи како претседател на Собрание.

„На лидерската се договоривме дека сите закони кои што се однесуваат на реформскиот процес, се однесуваат на поддршка на стопанството, граѓаните, борба против пандемијата, сите закони, претходно ќе бидат на маса на преговарачки тимови помеѓу опозицијата и власта. Не само ВМРО-ДПМНЕ како опозиција, и коалиција на Алтернатива и Алијанса, и Левица итн. Кога они ќе имаат убедлива победа на избори и ќе имаат 80-90 пратеника поддршка тогаш можат вака да се однесуваат. Со 60 – 62 ќе седат и ќе разговараат со опозицијата и тоа е улогата и на Талат Џафери, ако не ја знае. Таа му е улогата. Да, тешко е, но за тоа имаш привилегија да те возат од одма секое утро и да те собираат од одма и да те развозуваат со ротациони возила“, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека Талат неместо да вика по пратениците во Парламентот и фрустрациите да покажува, треба да најде решение.