Млад охриѓанец на 28 години почина од Ковид-19

0
23

Дваесет и осум годишен охриѓанец ја загуби битката со Ковид-19, објави Охриднет.

Младиот охриѓанец починал на Инфективната клиника во Скопје, каде бил префрлен откако му се влошила состојбата во Охридската болница, каде првично бил хоспитализиран.

Момчето било дијабетичар и имало проблеми со тироидната жлезда.