Мутацијата на индискиот вирус дојде и во соседството

0
16

Македонија нема да воведе превентивни мерки за ширење на мутацијата на корона вирусот, присутен во Индија. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека е тешко да се спречи оваа мутација да стигне до нашата земја, со оглед на тоа што веќе е присутен во повеќе европски земји. Според СЗО, индиската варијанта на мутација, позната како Б 1.617, е откриена во 17 земји во светот. Земјите каде најчесто се открива се Индија, САД, Велика Британија и Сингапур, но има и случаи во Белгија, Швајцарија, Грција и Италија.

Земјава пак, продолжува да бележи намалување на бројот на зарази. Трендот на опаѓање е забележан и кај децата.

Процесот на вакцинација продолжува. Досега вакцинирани се околу 56 илјади граѓани. Над 207 илјади други се пријавиле да бидат вакцинирани. Во раните утрински часови утре наутро, се очекува да пристигнат 200.000 кинески вакцини, со кои што значително треба да се зголеми процентот на имунизирани. Процесот на вакцинација со кинеските вакцини ќе се одвива во шест градови во земјата, како регионални точки.