Населението на Гибралтар е веројатно првото што е имуно на коронавирусот.

0
47

Населението на Гибралтар е веројатно првото што е имуно на коронавирусот. Додека во Шпанија се подготвуваат за нов бран, на Гибралтар речиси сите се вакцинирани и може да се опуштат.

На Саманта Сакраменто сето и се чини по малку нереално. Веќе неколку дена во Гибралтар надвор речиси никаде не мора да се носат маски. „Се чувствуваш како да си заборавил да земеш нешто или пак како нешто да правиш погрешно. Мислам дека психолошки мора на многу нивоа да се подготвиме”, вели министерката за здравство на британскиот регион на југот на Шпанија.

Gibraltar CoronavirusВакцинирани со рекордна брзина: на 34 илјади население потребните дози за вакцинација не беа проблем за набавка.

Укинат е и полицискиот час. Баровите и рестораните исто како и пред пандемијата се отворени до два часот наутро. Луѓето за шпанска телевизија велат дека се чувствуваат олеснето. Конечно може слободно да дишат. „Можеби наското ќе може да живееме како порано”, вели една келнерка.

Тоа е во силен контраст со остатокот од Европа каде многу земји заради растечкиот број заразени лица моментално повторно или и понатаму се во локдаун.

Тоа што Гибралтар по долги месеци пандемија сега внимателно се враќа во нормала не се должи само на консекветни мерки против корона, туку и на добро организираната програма за вакцинација, смета министерката Сакраменто. Речиси сите 34 илјади жители сега се вакцинирани и дури и голем дел од 10 илјади Шпанци кои доаѓаат секој ден на работа во Гибралтар. Тоа во борбата против вирусот е само по себе разбирливо, вели таа.