Најмалку едно лице убиено, три повредени во пукотница на Лонг Ајленд

0
20

Најмалку тројца луѓе биле повредени а едно лице починало во пукотница што денеска се случила во продавница во Лонг Ајленд, недалеку од Њујорк.

Според полицијата, загинал маж на 49-годишна возраст, додека уште едно лице е во критична состојба. Полицијата јавува дека напаѓачот е на слобода и се трага по него, па ги повикува жителите во блиските соседства на градот Њу Хемпстед да бидат внимателни и да не изглегуваат од дома, додека трае потрагата. Се трага по осомничениот Габрит Девид Вилсон.

Полицискиот комесар Парик Рајдер изјави дека пукањето се случило во канцеларијата на менаџерот која се наоѓа на втори спрат во зградата каде што е продавницата „Стоп и шоп“.

САД во изминатиот период се соочуват со бран од вооружено насилство со сериија инциденти од американските медиуми опишани како „масовни пукотници“. Си-ен-ен нарекува инцидент со вооружено наслство како „масовна пукотница“ кога четири или повеќе лица се жртви на насилството.

Од почетокот на март досега во САД во повеќе случаи на масовни пукотнци загинаа околу триесеттина луѓе.