Најмалку 27 мртви во пожар во болница во Багдад(ВИДЕО)

0
18

Најмалку 27 лица загинаа вчера во пожар во болница во Багдад, опремена за сместување на пациенти со ковид-19, а повеќе од 40 лица се повредени, соопштија медицински извори.

Пожарот во болницата Ибн Катиб во областа на мостот Дијала во ирачката престолнина е предизвикан од експлозија на резервоар за кислород.

Медицински извори велат дека пациентите кои не биле повредени се преселени од болницата, додека фотографот на Ројтерс сведочи дека многу амбуланти пристигнале кон болницата, однесувајќи ги повредените.

Шефот на ирачката единица за цивилна одбрана рече дека пожарот избувнал во единицата за белодробна интензивна нега и дека 90 лица од 120 биле спасени од болницата, го цитира државната новинска агенција ИНА. Генерал-мајор Кадим Бохан додаде дека пожарот е изгаснат.