На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1042 пациенти, слободни кревети има

0
14

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1042 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 125 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 94 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 99 болни, а во Куманово 90 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 136 во ковид центарот во Гостивар 47, а во Струга 20 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 118 пациенти, во Кочани 35 во Кичево 36, Кавадарци 70, а во Гевгелија 24 лица позитивно и суспектно на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1740 и има околу 260 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.