НА КЛИНИКАТА ВО НИШ ПОЧИНА ПУЛМОЛОГОТ АНЃЕЛКО ЃОРЧЕВ, ТАТКО НА ПРАТЕНИКОТ ВЛАТКО ЃОРЧЕВ

0
16

На Клиниката во Ниш денеска почина специјалистот по пулмологија и алергологија, професорот Анѓелко Ѓорчев (72). Тој е татко на поранешниот пратеник Влатко Ѓорчев.

Докторот Анѓелко Ѓорчев не се разбудил од кома во која падна само две минути откако ја примил вакцината против коронавирус во Ниш предминатиот викенд. Семејството чекаше да се подобри неговата состојба, но тоа не се случи.

Ѓорчев има обемна биографија. Медицински факултет завршил во Скопје, каде специјализирал, а потоа станал асистент по Интерна медицина. Докторирал на тема бронхијална астма, за што беше врвен специјалист