Неофицијално: До 19 часот во земјава гласале помалку од 500 лица на парламентарните избори во Бугарија

0
28

До 19 часот, според неофицијални информации, нешто помалку од 500 лица во Северна Македонија кои имаат право на глас на парламентарните избори во Бугарија, го искористиле своето право и гласале на едно од избирачките места во земјава. Најмногу гласачи излегле во Скопје – 130. Во Охрид гласале 100 лица, во Штип 90, Струмица 81, а во Битола 70. Во 19 часот, единствено е затворено гласачкото место во Битола, додека останатите треба да се затворат во 20 часот. Во трката за 240-члениот бугарски парламент, на денешните избори се натпреваруваат 6 895 кандидати, предложени од 30 партии и коалиции. Според првичните проекции, во новиот парламентарен состав ќе има шест или седум партии. Првичните проекции се дека владејачката ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов освоила најмногу од гласовите, околу 25 проценти.

ИЗВОР 360 СТЕПЕНИ