НЕОФИЦИЈАЛНО, ПАРТИЈАТА ГЕРБ НА БОЈКО БОРИСОВ ПОБЕДИ НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ВО БУГАРИЈА

0
35

Неофицијално, партијата ГЕРБ на Бојко Борисов победи на парламентарните избори во Бугарија, според досегашните излезни анкети. ВМРО БНД на Красимир Каракачанов најверојатно ќе влезе во новиот парламент, а партијата на шоуменот Слави Трифонов – триумфира на овие избори во Бугарија.

Излезната анкета на агенцијата „Алфа рисрч“ вели дека ГЕРБ, партијата на сегашниот премиер Бојко Борисов е победник на денешниот избор во Бугарија, но дека новиот парламент ќе биде многу пошаренолик од досегашниот.

Според анкетите во моментот, Бугарската социјалистичка партија (БСП) доживеа изборна катастрофа, затоа што е едвај малку понапред од новата партија на шоуменот Слави Трифонов – Има Таков народ. ВМРО БНД е малку над самиот раб за влез во парламентот.

ГЕРБ има 25,7 отсто од гласовите, БСП 17,6, а Има Таков Народ на Трифонов дури 15,2 проценти и се искачи на високото трето место. Зад нив е партијата на етничките Турци ДПС со 11 отсто , а одличен резултат има и Демократска Бугарија со 10,4 отсто.