Не сакаат нивните деца да учат со таблети – родители со децата пред МОН, почнаа да собираат потписи

0
23

Родители со нивните деца дојдоа пред Министерството за образование да го искажат нивниот револт за воведување на дигиталните учебници во образовниот процес. Почнаа да собираат потписи против законот.

ТВ21: Зошто сте против?

Граѓанка: Мислам дека нема да го достигне квалитетот со електонски учебници како со книга. Исто како што онлајн наставата не може да го замени физичкото присуство.

ТВ21: Кое одделение е вашата ќерка?

Граѓанка: Ќерка ми е второ одделение.

Родителите велат дека дгитализацијата ќе влијае негативно врз менталното и физичкото здравје на учениците.

„Ова е еден сериозен проблем за менталното и физичкото здравје на децата. И така долго време седат на компјутери, телефони и таблети, сега треба и да учат со дигитални уреди. Мислам дека тоа е голем проблем, така велат и докторите“, вели Фисник Рустеми.

Драгана воспитувачка и мајка на три деца вели дека не се против дигитализација, таблетитеможе да се користат само како помагало а не да се темели образованието.

„Ние сакаме пред се учебниците да се задржат во образовниот систем но како помагало нека воведат електрични уреди, меѓутоа да не бидат тие главен уред на кое што ќе се темели образованието. Главната алатка на образованието треба да биде учебникот а потоа може да се доведат дигитални уреди“, порача Драгана Спасевска.

Неформална група граѓани на Фејсбук со иницијатива „Учебници и настава мора да има“ најави бојкот на наставата и протести дотолку не се повлече законот  наставни материјали во основното и средното образование. Од друга страна МОН не отстапува од дигитализацијата во образованието.  Пред два дена МОН го повлече предлог законот, но не се повлече од идејата за дигитализација. Ќе се направат одредени корекции и доработка на предлогот. МОН порача родителите да не потпаѓаат на полтиички влијанија и пропаганда. Според нив реформите во образованието се потребни и тоа се прави за доброто на децата.

Извор Тв21