Ниските температури уништија над половина од плодот кај овошните насади во Брвеница, слична е состојбата и во останатиот дел од овој крај

0
29

Пролетните ниски температури оштетија над половина од овошните насади во тетовска Брвеница. Слична е ситуацијата и во останатите места од ова поднебје. Настрадаа плодоводите кои се во фаза на цутење. Дали ќе преживаа останатата половина од насадот, зависи од временските прилики во наредниот период.

Во Брвеница од студот невообичен за пролетниот период настрадаа дури и јаболковите насади, иако се едни од најиздржливите овошки на ниски температури. Половина од полодот од оваа парцела заседена со тетовска јаблока нема да преживее. Така e кај сите насади во ова поднебје, чии плодови се во фаза на цутење.Дали ќе се спаси останатиот дел се зависи од појавата на доцните мразеви и слана, кои се очекувани во наредните неколку дена

-Треба да се почека да се види какви ќе бидат температурите. Ако се ниски тогаш и голем дел од тоа што остана неоштетено ќе се оштети и тогаш на крајот ќе имаме потпросечен приход, но може и да се спаси, пак ќе речам се зависи од времети, вели агрономот Душко Богдановски.

Во просек на секои 7 години страдаат овошките од пролетни ниски температури. Но последните неколку години климатските промени си го прават своето. Студот во овој период од година вгодина зачести, а голем дел од насадите страдаат. Има начин за нивна заштита, но за поголеми површини е потешко изводливо.

-Малите површини може подобро да се заштитат, но за поголемите малку потешко, затоа што за нивна заштита потребна е многу механизација која со прскање со вода може да го заштити плодот од повторно мрзнење. Но пак треба да се чека и ако паднат ниски температурите а тоа се случува во утринските часови треба веднаш да се испрска, истакна Агрономот Богдановски

Овоштарите се соочуваат со повеќе проблеми. Поради тоа трпат големи загуби, па голем дел од нив се одлучуваат и ги корнат овошните насади.