Новинарката Ленче Николовска се прости од својот сопруг

0
21

Од последици од ковид-19 почина Тони Николовски, сопруг на поранешната пратеничка Ленче Николовска. Таа на социјалните мрежи се прости од својот сопруг:

 

„Мојата потпора во животот, мојата единствена љубов, не е веќе меѓу нас… Тончи, срцка, ти благодарам за сета добрина и умешност со која го создаде нашиот свет.

 

Почитувани пријатели, роднини, колеги… ви благодарам на сите што сте со мене во овие тешки денови.“ – напиша Николовска.