Нови 1.174 позитивни на коронавирус, 42 починати

0
17

Здравствените власти вечерва објавија дека се регистрирани 1.174 нови случаи позитивни на коронавирус од направени 3.927 тестирања, со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата се искачи на 140.065. Починати се 42 пациенти во изминатото деноноќие, а вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјава е 4.150 лица.

Во моментов во земјава има 22.485 активни случаи на коронавирус, од кои најмногу се во главниот град Скопје, соопшти Министерството за здравство.

Од новите позитивни на Ковид-19 најмногу се во Скопје 400, а потоа следуваат Прилеп и Битола по 74, Велес 81, Куманово 78, Кавадарци 36…

Денеска Институот за јавно здравје регистрира 811 оздравени пациенти.

Досега во Северна Македонија направени се вкупно 660.522 тестирања на Ковид-19. Излекувани се 113.430 лица од почетокот на епидемијата.