Нови 1.402 позитивни на коронавирус и многу починати

0
23

Здравствените власти вечерва објавија дека се регистрирани 1.402 нови случаи позитивни на коронавирус од направени 3.978 тестирања, со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата се искачи на 131.424. Починати се 29 пациенти во изминатото деноноќие, а вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјава е 3.810 лица.

Во моментов во земјава има 19.847 активни случаи на коронавирус, од кои најмногу се во главниот град Скопје, соопшти Министерството за здравство.

Од новите позитивни на Ковид-19 најмногу се во Скопје 603, а потоа следуваат Куманово со 84, Битола 105, Велес 82, Охрид 46, Прилеп 70. Струмица 52…

Денеска Институот за јавно здравје регистрира 761 оздравен пациент.

Досега во Северна Македонија направени се вкупно 629.233 тестирања на Ковид-19. Излекувани се 107.740 лица од почетокот на епидемијата.