Облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни

0
18

Претежно облачно време со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи се очекуваат во текот на денешниот ден. Локално, според прогнозата на синоптичарите, ќе наврнат и над 15 литри на метар квадратен. На планините на северозапад ќе врне снег.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната од 10 до 17 степени.