Одбележани 20 години од масакрот кај тетовското село Вејце

0
22

Одбележани 20 години од масакрот кај тетовското село Вејце, кога осум припадници на безбедносните служби ги загубија животите, откако во заседа беа нападнати ,а нивните тела масакрирани и запалени на планинскит пат.

Вејце опоменува, пишуваше на плочата поставена во чест на четворица водници од специјалната единица Волци и четворица припадници на полицијата, кои патролирајќи со возила беа нападнатi токму на овој планински пат, кој ги поврзува Шарпланинските села Селце и Вејце.

Малите скромни обележја кои ги поставуваме на местата каде трагично загинаа хероите само потсетуваат и предупредуваат ваквите случки да не се повторат, но и тие мали плочи веднаш по секој настан се уништуваат, се пожалија од Одборот на бранители.

Време е за помирување, политиките и делбите да ги оставиме на страна. Бараме достојно одбележување на светлите датуми од поновата македонска историја

Масакрот кај Вејце е дел од хашкиот предмет Водството на ОНА, кој беше вратен во Македонското судство. Но, во 2011 година, Собранието го усвои автентичното толкување на закнот за Амнестија, кој се однесува за сторителите на кривични делa поврзани со воениот клонфликт од 2001 година. Но, бранителите и по две децении се надеваат на правда. Ваквите горозоморни дела не можат да застарат и казната за нив еден ден ќе стигне.

Во масакрот  имаше и шестмина повредени. При нападот  тие биле во последното возило од колоната. Успеале да се извлечат и да побараат помош од безбедносните служби.