Одредени делови од Тетово се соочуваат со речиси целодневни рестрикции во водоснабдувањето

0
20

Одредени делови од Тетово се соочуваат со речиси целодневни рестрикции во водоснабдувањето. Вода нема веќе петти ден, а надлежните не кажуваат кога ќе се стабилизира состојбата.

Без вода нема живот особено во време на пандемија кога и животот може да го зачуваме само со одржување на хигиена, но како кога од чешмите не протекува капка вода, се жалат граѓаните

Од ЈКП Тетово без одговор кога ќе се стабилизира состојбата со водоснабдувањето. Здруженијата велат дека властите не покажуваат ни грам одговорност поради ваквата состојба. Бараат ревизија на изградбата на новиот водовод, затоа што по неговата изградба се случуваат чести прекини во водоснабдувањето.

Моментално Тетово има издашност од околу 270 литри вода во секунда, што не е доволна да ги задоволи потребите на граѓаните.