Од вторник ќе започне вакцинацијата со кинеската вакцина

0
20

Денеска пристигнаа 200.000 вакцини од производителот Синофарм, со овие вакцини ќе се обезбеди масовна имунизација на населението, велат од Владата.

-Вакцините во следните неколку дена ќе се распределат низ пунктовите назначени за вакцинација во Скопје, Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола според пројавениот интерес на vakcinacija.mk и веќе од вторник се очекува да започне вакцинирањето со оваа вакцина, информираат од Владат а.