Од денеска угостителските објекти, обложувачниците и казината се затворени за гости

0
15

Угостителските објекти од денеска се затворени за посетители и можат да вршат само достава на храна или продавање преку шалтер. Од денеска се затвораат и обложувачниците и казината. Обложувачниците смеат да работат само преку пулт. Мерката е во сила до 20 април.

Ова е дел од пакетот рестрикции што во понеделникот ги донесе Владата, со цел, како што рекоа, да се намали ширењето на коронавирусот, да се спречи оптоварување на здравствениот систем и да се избегне затворање за верските празници Велигден и Бајрам.