ОД УТРЕ ДО 17 МАЈ: Tурција се „затвора“

0
20

Турција се „затвора“ од утре до 17. мај.

Земјата од утре e во делумен карантин или поточно кажано „локдаун“. Нема да работат повеќето бизниси, а ќе работат само супер-маркетите и аптеките, со исклучок во недела кога нема ништо да работи.

За патувања меѓу градовите ќе бидат издавани посебни дозволи, а училиштата ќе функцинираат само он-лајн. Затворени ќе бидат сите угостителски објекти. Туристи ќе можат да патуваат во земјата. Турција од почетокот на пандемијата има 38.000 починати и 4,6 милиони ковид случаи.

Во ноември лани, Турција воведе втор сет на ограничувачки мерки, а во средината на февруари бројот на дневни случаи падна на околу 6.000. Но, штом владата започна да ги олеснува мерките во март, нов бран ја зафати Турција.

Досега над 22 милиони луѓе се вакцинирани. Турција има околу 82 милиони жители.