Оневозможен нормален пристап и влез на возило во дворот на тетовското семејство Трпески по реконструкцијата на тротоарот

0
14

Жител на Тетово од улица Штипска по реконструкцијата на коловозот и тротоарот пред неговиот дом не може да влезе со автомобил, а и како што вели влегувањата пешки е потешко. Тротоарот е подигнат на триесетина сантиметри од прагот на неговиот двор.

Ниту автомобил ниту пак болен човек веќе не може да влезе во мојот двор, откако се реконструираше тротоарот и коловозот пред мојата куќа, обвинува тетовецот Љубиша Трпески. Нивото на тротоарот е многу подигнато за разлика од нивото од оваа инфраструктура кај моите соседи, па сега нормалниот пристап е оневозможен, а со автомобил воопшто не се влегува.

-Уште кога го правеа тротоарот им велев на изведувачите да го спуштат малку нивото на тротоарот, но ми рекоа сме прашале ние и знаеме како треба, ама изгледа не знаат, па видете на што личи ова. Требале нас да не прашаат како што ги прашале соседите каде што по нивно барање тротоарот кај нив е спуштен а кај мене не сакаа, вели Љубиша Трпески жител на улицата Штипска

Тој вели дека сам не може ништо да преземе, мора изведувачот да ја поправи грешката.

-Некој ќе рече постави бетон од самата страна на тротоарот се до двојот двор со блага косина. Да така ќе можам да влезам и со автомобил и пешки и ќе биде практично, но ако направам така сета вода ќе ми влегува во дворот и потоа во куќата, а подрумите после секои врнежи ќе ми бидат поплавени, изјави Трпески

Вели дека се обратил до Општина Тетоо за да се изнајде начин за решавање на проблемот. Тој се надева на позитивен одговор