Општина Тетово – Свлечиштето на патот кон Бањиче е како последица на градежни активности за стабилизација на стрмниот терен

0
23

Од Општина Тетово преку соопштение образложија зошто големо свлечиште го затрупа патот кон месноста Бањиче

Ги информираме граѓаните дека свлечиштето на патот кон месноста Бањиче – Тетово е последица на планираните работни активности околу средување на теренот на неколку критични точки каде има појава на одрони!За оваа цел, општина Тетово веќе две недели ангажира машинерија и работни тимови кои работат на израмнување на падините во горниот дел на патот Бањиче со цел долгорочно решавање на овој проблем, соопштија од Општина Тетово

Од општината истакнаа дека работните активности ќе продолжат во наредните денови до целосно отстранување на потенцијалната опасност за граѓаните кои се движат на терените на оваа рекреативна област на градот.