Оставката не е проблем, горчината е секаде во душите: Заев не чувствува одговорност за ескалацијата на ситуацијата со ковид-19

0
18

Премиерот, Зоран Заев не чувствува одговорност затоа што тој и други функционери од Владата групно сечеа лента за отворање паркинг, а потоа и нов градски пазар во време на пандемија. Денеска, кога тој ги објави новите рестриктивни мерки  беше прашан дали некој ќе понесе одговорност.

„Кој сакате да понесе одговорност? Каква одогворност, кажете конкретно. Сакате Заев да поднесе оставка, или министерот Филипче да поднесе оставка, или Милена од Инфективна?  Оставката не е проблем , горчина е секаде во душите. Не мислам дека треба да понесам одговорност, нема да понесам одговорност и нема да побарам одговорност. Сите се херои, од Министерството за здравство до последниот здравствен работник. Јас ќе делам буквално медали за сите. Ако мислите дека тоа ќе ја промени состојбата, апсолутно не. Тука сме да им служиме на граѓаните, тоа е чест и одговорност во овие тешки моменти. Да носиме предвреме мерки и да правиме штета на економијата нема потреба. Еве сега носиме мерки кога треба“, одговори Заев.