Пандов: СДСМ навистина стана несериозна партија, утрешниот протест е семакедонски, нивните манипулации веќе не поминуваат кај граѓаните

0
19

Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов вечерва во гостување во дневникот на телевизија Сител посочи дека утрешниот протест е семакедонски протест во кој земаат учество сите граѓани на Република Македонија.

-СДСМ навистина стана несериозна партија. Никола Груевски веќе две – три години е во Унгарија јас како што знам. Ова е семакедонски протест. Утре ќе биде еден од најмасовните протести што се случиле во Македонија. Тоа не може еден човек да го организира, ниту пак може Никола Груевски од Будимпешта тоа да го организира, нагласи Пандов.

Пандов посочи дека целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на утрешниот семакедонски протест.

-Во Македонија нема право и правдина, целата пресуда на осудените за 27 април се заснова само на еден сведок кој 5-6 пати даде различни изјави, а после втората изјава веќе не требаше да се земе како релевантен сведок. Тие луѓе никако не се терористи, осудени се врз основа на лажно сведоштво. Тие не бараат милостина, не бараат амнестија, туку фер и правично судење. Утре на протестот ќе се прочита Декларација со која ќе се побара правично судење за уставобранителите да може да се изборат за правда, истакна Пандов.