Пауновски – Разочаран сум од премиерот што не ме разбира, немам што друго да кажам освен дека може слободно да ме разреши

0
22

Изјавата на Зоран Заев не ја сфаќам како притисок, само сум малку разочаран што премиерот не ме разбира, иако пратив информација за состојбата во Пазарниот инспекторат. Ова го изјави директорот на Државниот пазаран инспекторат Стојко Пауновски по вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев да не биде толку гласен околу прераспределбата на рамковните вработувања.

-Побарав да ми одговори врз основа на кои критериуми со 247 веќе вработени лица, ни даваат најнесоодветни кадри. За 12 административци со Економски и Правен факултет, нема проблем, ќе ги примиме. Ама другите се со 180 кредити и можат да работат само обична администрација, зашто се детективи или со факултет за криминалистика од факултетот на Рамиз Мерко“.Ако премиерот Зоран Заев не ме разбира, немам што друго да кажам освен дека може слободно да ме разреши на наредната владина седница, изјави Пауновски

Инаку вчера премиерот Зоран Заев од тетовско Теново рече дека сите рамковни вработување мора да бидат прераспределени, тоа е процес кој е во тек и никој не треба да се противи

Претходно, Пауновски изјави дека нема да ги потпише решенијата за вработување на 35 лица, освен за 12 кои имаат соодветно образование