Повредени седум лица во сообраќајка кај село Опае

0
24

На 04.04.2021 во 21.30 чaсот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Липково, кај с.Опае, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „сеат ибица”, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.М.(51) од с.Липково и патничко возило „бмв 730″, со швајцарски национални ознаки, управувано од А.С.(26) од с.Опае. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „сеат ибица”, Р.М.(43) од с.Липково, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште четири сопатници од двете возила, констатирани во Ургентниот центар Куманово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.