Повторно имаше земјотреси во регионот

0
42

Повторно имаше земјотреси во регионот, при што се затресоа повеќе балкански земји.

По земјотресот со јачина од 3,2 степени по Рихтер, кој денеска е регистриран во Јадранското море, а го почувствувале жителите на хрватските острови Корчула и Вис, имаше и два послаби потреси во Грција и Бугарија, објави Европско – медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Земјотрес со јачина од 2,6 степени по Рихтерова скала ја стресе Бугарија. Епицентарот бил на 19 километри северно од градот Гоце Делчев.

Вчера имаше земјотреси во Хрватска и БиХ. Деновиве имаше земјотрес близу Гостивар.