Новиот Воспитно поправен дом во село Волковија нуди одлични услови за социјализација на штитениците

0
60
Денеска во посета на домот беа министрите за правда и образование Маричич и Царовска.Меѓународните и домашните извештаи за институцијата Воспитно поправен дом во државата веќе нема да бидат негативни, констатираа министрите по посетата на оваа установа.
Тука се почитуваат стандарди и норми, а децата ги имаат сите услови за престој и социјализација

 

Министерката Царовска изјави дека образованието е клучен фактор во социјализацијата на оваа категорија деца, а тоа во новиот ВП дом е овозможено, нешто кое досега го немавме во другите установи каде беа сместени децата

Во посета на ВП домот беа и преставници од Хелсиншкиот комитет кои истакнаа треба уште многу да се работи за ранливите категории граѓани, а другите воспитно казнено поправни установи, треба да го следат примерот на ВП  домот во село Волковија Општина Брвеница.