Пожар во близина на туристичкиот комплекс Аурора во Берово

0
20

Локализиран е пожарот што денеска околу 14:30 часот избувна во близина на туристичкиот комплекс Аурора крај Беровското Езеро.

Според информации на Сашко Руменовски, командирот на Територијалната противпожарна единица од Берово, во огнената стихија е опожарена површина од околу пет декари.

– Дојавата во ТППЕ Берово е примена околу 14:30 часот, по што од наша страна е интервенирано со две возила, една цистерна и возило „бремач“. Во гаснењето учествуваа четворица пожарникари на кои помош им пружија и вработени во комплексот, како и туристи. Во моментот пожарот е локализиран, но наши екипи остануваат во обиколка на теренот, информираше Руменовски.

Причините за пожарот ќе бидат познати по извршениот увид, иако како можен причинител се наведува човечки фактор.