Полицијата прекинала свадба во Кочани – пет лица приведени

0
16

На 03.04.2021 околу 14.00 часот во ОВР Кочани е пријавено организирање на свадбена прослава на ул. Шукри Шаин во Кочани на која биле присутни повеќе граѓани.

Веднаш по пријавата, на местото на настанот се упатиле полициски службеници од ОВР Кочани и по консултации со дежурен јавен обвинител од  ОЈО Кочани од слобода се лишени пет лица, а свадбената прослава е прекината.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави по чл. 206 од КЗ „Непостапување според здравствени прописи“.