Почина Берни Медоф, најголемиот измамник во историјата

0
19

Берни Медоф, осуден за тоа што ја водел најголемата позната инвестициска измама во историјата, почина денес во американскиот сојузен затвор, каде што отслужуваше 150 години казна, објави американската затворска управа.

Медоф пател од хронично затајување на бубрезите и уште неколку болести. Имаше 82 години.

Берзанскиот брокер отслужи 11 од 150 години од казната, колку што доби во 2009 откако се изјасни како виновен по 11 точки од обвинението, вклучувајќи перење пари и измама. Според проценката, тој ги измамил инвеститорите за 65 милијарди долари.

Роден во скромно семејство во Њујорк, Медоф го изгради богатството на таканаречената Понзиева шема која почна да се руши во 2008 кога настапи финансиската криза и кога инвеститорите бараа враќање на нивните пари.

Жртви на неговата измама беа поединци, фондации, пензиски фондови и фондови. Меѓу нив беа глумците Кевин Бејкон, Кира Сеџвик и Џон Малкович, кошаркарот Сенди Кофакс како и фондацијата на режисерот Стивен Спилберг.

Некои жртви ги изгубија целите свои имоти, вклучувајќи ги членовите на американската еврејска заедница кои го сметале за голем филантроп.