Почна отстранувањето на една од галиите во Вардар, едната веќе отплива во минатото

0
18

Официјално денеска започна процесот на празнење и демонтажа на објектот во коритото на Вардар наспроти Министерството за надворешни работи. Градоначалникот Петре Шилегов вели дека целата постапка ќе трае неколку недели, а ќе ја извршува јавното претпријатие улици и патишта. Главната причина е намалува на опасноста од евентуално излевање на реката од коритото и поплави.

-Започнуваме со едно поизразено расчистување на криминалниот и болноумниот проект „Скопје 2014“, бидејќи овие галии не се само надвор од здравата естетика тие се дефакто и опасност за граѓаните на Скопје.

Иако постапка веќе почна, се уште сопственикот и Градот имаат различни ставцови околу правните услови..

Управителот на Галијата Жарко Миленковски вели дека требало прво да се почека да завршат судксите процеси, а освен тоа тврди дека ги имаат подмирено сите обврски кон Градот, согласно добиената на концесија.. Но, Градоначалникот од друга страна вели дека нема никкави прави пречки за остранувањето.

-Во тек се два судски предмети, од кои за едниот утринава имаше рочиште и не може да се руши со сила додека нема судска одлука. Во текот на целата пандемија имаме пратено неколку писмени барање во врска со Член 9 за да ни овозможи работа, не ни беше одговорено со ништо. Потоа плативме 100% и една недела потоа добивме решение за раскинување на договор.

-Двапати досега барањата за времени мерки од страна на сопственикот се одбиени, не постои нешто како судска забрана од една страна, а од друга страна, во моментот кога ние го раскинавме договорот, го раскинавме заради три неплатени кирии.

Шилегов кажа дека остатоците од демонтираната галија ќе завршат во градските магацини, а се надева дека до завршувањето на неговиот мандат ќе бидат отстранети и останатите две.