Правда ќе замоли Африм Исмаиловиќ да биде екстрадиран

0
42

Министерството за правда ќе испрати замолница до косовски власти да го екстрадираат обвинетиот за случајот „Монструм“, Африм Исмаиловиќ, откако вчера во Приштина бил уапсен за сообраќајка. Последното барање за негова екстрадиција е испратено пред три години.

Првпат, екстрадиција за обвинетите Исмаиловиќ и Демири кои по петкратното убиство кај Смилковско се кријат на Косово е побарана во 2012-та. Премиерот Заев, очекува новите власти да го предадат Исмаиловиќ кој од вчера е во притвор.

„Искрено очекувам дека косовските власти, иако се нови, Владата е пред неколку денови избрана, дека ќе ги потврди нашите меѓународни договори за кои и Северна Македонија и Косово се имаат обврзано, а ќе ја зајакне и соработката помеѓу двете земји“, изјави Зоран Заев, Премиер.

Африм Исмаиловиќ, неговиот брат Агим и Алил Демири и во повтореното судење добија доживотен затвор. Двајца беа осудени на затвор од 9 и 15 години. Нивните роднини незадоволни од казните, веќе неколкупати организираа протести кои завршија со насилства.

СИТЕЛ ТЕЛЕВИЗИЈА