Предупредувачки протест на пелагониските сточари

0
25

Доколку до крајот на овој месец не бидат исплатени субвенциите по грло и предадено млеко за 2020 година, заедно со здруженијата од Велес и Полог, ќе одиме во Скопје и ќе го блокираме сообраќајот пред Владата. Ова им го порачуваме , бидејќи додека во Министерството јадат и пијат, нашите субвенции со месеци стојат таму, а млекото започна да се намалува. Ние го даваме за 15 денари, но граѓаните со хемикалии го плаќаат по 50 денари. Некој во Македонија за овој млечен криминал треба да се свести, беше речено на денешниот предупредувачки протест на пелагониските сточари во Битола.

-Бидејќи поминаа сите лаѓи што ги кажуваа досега, еве петти месец помина дека ќе ни ги исплатат субвенциите, а сеидбата почна но пари немаме. Како можеме да преживееме сточарите 365 дена, не знам. Владата да се свести и да речат дека овие храна произведуваат. Секој ден по маркетите млеко се купува и млечни производи, за тоа данок се зема, а ние нашето не можеме да го земеме- рече Тони Петковски, сточар од с. Велушина.

С`е додека ги бараме парите со сила, нема радост во сточарството и во земјоделието, рече Пектовски.

-Министерот јавно не излага. Ни обеќа првин да се направи буџетот па ќе ви ја платиме 2020. Еве, пет месеци поминаа и ние треба да лажеме за да земаме на вересија- рече овој битолски сточар.

Од ресорното министерство, до подготовката на нашиот прилог, не можевме да добиеме информација кога ќе им бидат исплатени субвенциите на сточарите, бидејќи министерот бил на состанок, а известување ќе ни испрателе накнадно.

ALFA TV