Претседател со највисока оценка, опаѓа кредибилитетот на Владата

0
32

Скоро 70 проценти од граѓаните ја поддржуваат работата преку Интернет, но 37 проценти од нив сметаат дека само пратениците кои се позитивни на вирусот корона или се во самоизолација, треба да работат на Интернет. Од друга страна, една четвртина од испитаниците не сметаат дека е неопходна работа преку Интернет. Ова го покажува истражувањето спроведено од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ во периодот од 17 февруари до 10 март 2021 година каде учествувале 1010 граѓани. Ова истражување беше поддржано од Швајцарската агенција за развој и соработка. Скоро сите институции добија оценки под просекот на скалата од 1-10, каде што 1 значи најниска доверба, а 10 највисока доверба. Највисоко ниво на доверба доби претседателот на земјата со оценка од 4,5, по што следи Владата со 4,3 и парламентот со 4,2. Додека, судството доби помал кредибилитет со 3.1.

Околу 74 проценти од испитаниците се согласуваат со изјавата дека политичките кризи треба да се решат во Парламентот, наместо затворени средби меѓу лидерите на политичките партии. Повеќето веруваат дека животот во земјата се одвива во погрешна насока (51 процент), додека за 37 проценти од испитаниците животот во нашата земја оди во вистинска насока. Перцепцијата за учество на граѓаните во работата на Парламентот, како еден од механизмите за поголема одговорност, транспарентност и отчетност на самата институција пред граѓаните – е исклучително ниска. Околу 93 проценти од анкетираните граѓани досега не се обиделе да учествуваат во работата на Собранието, поради ниското ниво на информации.