Притвор за 41 годишниот гостиварец кој физички нападна и се обиде да обљуби 61 годишна сосетка

0
21
Денеска попладне (28 април) судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар на 41-годишниот гостиварец Д.В. му определил мерка притвор од 30 дена поради основано сомнение дека сторил кривично дело “силување во обид”, казниво по член 186, а во врска со член 19 од Кривичниот законик, инаку кривично пријавен од СВРТетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар. Пријавениот Д.В., вчера(27 април) околу 20 часот физички ја нападнал 61-годишната сосетка во нејзиниот дом и се обидел да ја обљуби. Попладнево тој ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор”Скопје” во Скопје за издржување на притворот.
Аа