Предлог-одлуката за одобрување на продолжувањето на кризната состојба на дел од територијата и интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се точки на дневниот ред на 39-та седница на Собранието.
Интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја поднесоа Алијансата за албанците и Алтернатива во февруари, ден откако поранешниот шеф на управата за безбедност и контраразузнавање сашо мијалков исчезна, па се појави сам пред обвинителството.
Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ побараа на дневен ред да бидат ставени и интерпелации за министрите Николовски и Маричиќ. Претседателот на Собранието Талат Џафери вели тоа е спротивно од деловникот.