Протест против пресудите во случајот „Саздовски“, бараат предметот да оди на повторно судење

0
18

Полицијата го штити судскиот објект од демонстрантите.

Но, од другата страна, со транспаренти „Не извршивме свирепо убиство“ се наближуваат учесниците на протестот. Велат дека поради немањето слух од страна на Судот, одлучиле да протестираат мирно, без гестови и глас. Маршираа против пресудите во случајот за убиството на членот на навивачката група „Комити“ Никола Саздовски. Роднините на осудените велат дека не станува збор за убиство, па затоа бараат предметот да оди на повторно судење.

-Пресудите донесени на етничка основа не нѐ оставаат намира. Пред две и пол години осудените не размислувајќи го нападнаа покојниот Никола Саздовски, никој не го негира тоа. Осудените не сакаа да му го одземат животот. Целта беше само физички напад, кој заврши со случајна смрт. Се случи спонтано без да биде планирано од претходно-вели Бесар Беља.

Настојуваат дека правосудниот систем во земјава има двојни стандарди…

-Свирепо убиство беше случајот на Алмир, но велат дека е сообраќајка со смртни последици. Ако Бесир се викаше Бобан можеби немаше да биде осуден со 16 години затвор. Ако Скендер се викаше Бобан, немаше да биде обвинет за убиство. Ако Јетон се викаше Бобан овој протест немаше да се случи-вели Беља.

Откако заврши протестот, демонстрантите се повлекоа од пред Судот, а правдата ја побараa и на знаковниот јазик.

Во меѓувреме, таткото на Саздовски побара Апелациониот суд да не им ја намали казната на осудените.

Во случајот за Никола Саздовски, Скендер Демири и Бесир Беља се осудени за кривично дело „убиство“ со по 16 години затвор, а за Јетон Лужа судењето сѐ уште не е почнато. Настанот се случи во 2018 година во Автокоманда на автобуската постојка, каде според Обвинителството, Бесир Беља, Скендер Демири и Јетон Љужа го сретнале Саздовски и му побарале лична карта, по што почнале да го удираат. Поради здобиените тешки повреди Саздовски веднаш бил хоспитализиран и бил во кома . По речиси две недели Саздовски им подлегнал на повредите во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.