Путин го потпиша контроверзниот закон со кој може да владее до 2030 година

0
22
Рускиот претседател Владимир Путин денеска го потпиша контроверзниот закон со кој му се отвораат вратите за потенцијално останување на власт до 2036 година. Предлог законот кој неодамна беше одобрен двата паралемнтарни дома, ги усогласува законските измени со уставните. 

Според досегашните руски закони на Путин му беше забрането да бара и трет последователен шестгодишен претседателски мандат, но со измените сега се ресетира временското ограничување и се отвара можност ако сака, да се кандидира и на наредните избори со што може на власт да остане до 2030 година.