Расте бројот на загинати во ковид болницата во Багдад, најмалку 82 жртви и 110 повредени(ВИДЕО)

0
14

Пожарот во болницата Ибн Катиб во областа на мостот Дијала во ирачката престолнина е предизвикан од експлозија на резервоар за кислород, објави претходно Ројтерс.

Голем број на смртни случаи биле во одделот за пулмонална реанимација во ковид- болницата, соопшти ирачкиот висок комитет за човекови права (ИХЧР).

Комитетот го осуди овој настан и ја нарече трагедијата злосторство, пренесува агенцијата DPA.

„Ова е кривично дело против пациентите кои биле пренесени во болница откако биле заразени со ковид-19 и кои им го оставиле животот на Министерството за здравство и неговите институции“, се вели во соопштението.

„Наместо да се лекуваат, тие изгореа“, се додава во него.

Шефот на ирачката единица за цивилна одбрана претходно изјавил дека пожарот избувнал во единицата за пулмонална интензивна нега и дека 90 лица од 120 биле спасени од болницата, објави државната новинска агенција ИНА.

Еден човек кој бил во посета на неговиот брат опишал дека луѓето скокале низ прозорците за да избегаат од огнот.

“Огнот се прошири како гориво … Го извадив брат ми на улица, до контролниот пункт. Потоа се вратив. На последниот кат, кој не изгоре, најдов девојче кое се гушеше, старо околу 19 години Таа се гушеше, умираше “, рече Ахмед Заки.

“Ја зедов на рамениците и истрчав долу. Луѓето скокаа … Лекарите паѓаа на автомобилите. Сите скокаа. И јас се искачував од таму, земав луѓе и повторно слегував”, рече Заки.

Пациентите биле префрлени во други болници, соопштија медицински извори. Но, неколку семејства на пациенти сè уште се во болница со часови по гаснењето на пожарот, откако не ги нашле своите најблиски на друго место.

Премиерот Мустафа ал-Кадими наредил истрага.

Извор Канал5